Возило на Народен правобранител украдено од механичарска работилница

Б.Ш. (32) од с. Ласкарци пријавил дека во период од 12.06.2022 до 14.06.2022 било украдено патничко возило.

Возилото „Лада нива“ било одземено од механичарската работилница на локален пат Тетово – Скопје, а истото е сопственост на институција Народен правобранител.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

15.06.2022 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега