Возило излета од патот кај Тетово- едно лице повредено

 

Возило излетало од патот во тетовско при што едно лице било повредено.

Според пријавеното, вчера во 16.10 часот било пријавено дека на патот Тетово – с.Требош, после Требошки натпатник, патничко возило „рено канго“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.С.(53) с.Џепчиште, излетало од коловозот.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега