Возило излета од коловозот на патот Маврови Анови- Дебар: Возачот загинал на лице место

На 18.08.2022 во 15.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во месноста „Жировничко анче“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Љ.Ј.(67) од Скопје излетало од коловозот, информираат од МВР.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место.

Смрт констатирал лекар од Здравствен дом Ростуше. Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на несреќата.

19.08.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега