Возете внимателно: На неколку патни правци низ Македонија магла и влажни коловози

Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар и Тетово – Јажинце, од 50 – 100м. на патниот правец Велес – Катланово, од 10 – 15м. на патниот правец Тетово – с. Гајре, до 50м. на патниот правец Св. Николе – Куманово, од 100 – 150м. на патните правци Битола – Прилеп, М. Брод – Кичево, Дебар – Струга и Ресен – Охрид, соопшти ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози.

Од ЈП Македонијапат, апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега