Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли за почитување на ограничувањата на брзината. Оваа активност се спроведува во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL.

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Од полицијата предупредуваат дека прекумерната брзина не е само прекршок, туку претставува една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

„Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот“, се наведува во соопштението од МВР.

Exit mobile version