АМСМ предупредува на значително намалена видливост поради појава на густа магла на неколку патни правци низ државата. Најкритична е состојбата на планинските премини Плетвар, Пресека, Ѓавато и Маврово, каде видливоста е ограничена на само 30 метри.

На планинскиот премин Стража видливоста е до 40 метри, додека во Крушево маглата ја намалува видливоста до 50 метри. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, но по влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење и особено внимателно управување со возилата низ котлините и клисурите поради можност од одрони. Ова особено се однесува за правците:

  • Катланово – Велес
  • Маврово – Дебар – Струга
  • Виница – Берово
  • Кочани – Делчево

Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини во моментов нема подолги задржувања.

Exit mobile version