Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) утрово испрати предупредување до возачите поради значително намалена видливост на патните правци низ земјата. Најкритично е на планинскиот премин Стража, каде поради густа магла видливоста е намалена на само 50 метри.
Истовремено, на Попова Шапка се бележат првите врнежи од слаб снег, додека во останатиот дел од државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата кои минуваат низ клисурите, каде е можна појава на одрони.

