Возела во спротивна насока, па усмртила тричлено семејство во Америка - кога болничарите ѝ пришле се запрепастиле од глетката

21-годишната Еби Мајс убила тричлено семејство на автопат во Охајо кога возела во спротивна насока.

На лице место настрадале 51-годишниот Тими Томпсон, 10-годишната ќерка Теса Томпсон, додека 50-годишната мајка починала во болница.

Како што е наведено, Еби после полукружното свртување преминала преку површина која ја раздвојува спротивната насока од автопатот и продолжила да вози во погрешна насока.

После десетина секунди, во нејзиното возило удрил автомобилт на семејството Томпсон.

Кога болничарите стигнале на лице место, затекнале ужасна глетка. Обидувајќи се да ја оживеат Еби, виделе дека од нејзината уста тече пиво така што немало дилема дека возела под дејство на алкохол.

Се претпоставува дека се враќала од прослава на Свети Патрик, а во торбата ѝ било пронајдено и виски.

Сега ќе се соочи со обвинение за тројно убиство.

Поради несреќата патот бил затворен 4 часа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.03.2019 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега