Возачот крвав излетал од автобусот пред да се преврти - нови детали

Со повреди и во крв возачот на автобусот излетал од автобусот пред тој да падне во ендекот на локалниот пат и да се преврти на покрив. Очевидци на местото на несреќата раскажаа дека возачот со автомобил го носеле во болница заедно со уште неколку повредени патници, пренесе МКД.МК.

- „Возачот на автобусот и уште неколку патници ги носев во болница. Тој губеше свест неколку пати, а го најдовме на локалниот пат. Најверојатно испаднал од автобусот кога тој се превртувал“, раскажа очевидец на трагедијата.

По анализите се покажало дека нема алкохол и други супстанци во крвта и урината.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2019 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега