Возачите во Штип вознемирени од маж кој стоел среде улица - интервенирала полицијата

 

Во 23 часот и 15 минути во Полициска станица Штип телефонски е пријавено дека на крстосницата од улица "Сутјеска“ со улица "Сремски Фронт" било забележано непознато машко лице кое во рацете држело сообраќаен знак и со истиот мавтало кон возилата кои во тој момент се движеле на крстосницата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирано е дека се работи за 37-годишниот Б.Х. од Штип кој претходно оштетил сообраќаен знак и со истиот мавтал кон возилата.

Поради видно растројство, лицето со возило на Итна медицинска помош Штип е пренесено во психијатрискиот оддел на Клиничката болница во Штип.

 

 

 

15.12.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа