Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено и по претежно суви коловози, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Сепак, на повисоките планински места и премини има промена на временските услови. Слаб снег провејува на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Добрата вест е што снегот во моментов не се задржува на коловозот, па сообраќајот тече без застој.

Од претпријатието потсетуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и се грижат сите патни правци да останат проодни.

Exit mobile version