Возач удрил во пешак во Штип и побегнал од местото на несреќата

 Возач во селото Карбинци удрил во пешак и избегал од местото на несреќата. Според соопштението на СВР-Штип, настанот се случил вчера на регионалниот пат во село Карбинци, кога непознато патничко возило удило во 40-годишната Н.П, жител на село Карбинци.

По несреќата, Н.П била пренесена во штипската Клиничка болница, каде лекарите констатирале телесни повреди. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициска станица Штип.

Полоцијата трага и по возачот, кој наместо да и помогне на повредената жена, избегал од местото на несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа