Вчера на 18:50 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија о слобода С.К.(54) од Скопје, затоа што претходно управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска жардињера, а при извршен увид и направени проверки е констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,2 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version