Воз удри во човек кај Визбегово

 

Едно лице е повредено откако во него вчера удроло воз после надвозникот во Визбегово.

-Вчера во 17.00 часот било пријавено дека на железничката пруга Скопје Север - Ѓорче Петров, после надвозникот во Визбегово, воз што сообраќал на релација Скопје - Кичево удрил во едно лице, кое било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, велат од полицијата.

Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин од 17.00 до 19.35 часот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега