Вооружени со ракети бродови на НАТО запловија во Црното море

Два воени брода на НАТО вооружени со водени ракети влегоа денеска во Црното Море, и тие се следат од силите на руската Црноморска флота.

Оваа информација ја објави Националниот центар за контрола на одбраната на руското Министерство за одбрана.

Се наведува дека силите на Црноморската флота започнале да ги контролираат акциите на британскиот разурнувач „Дефендер“ и холандската фрегата „Евертон“, пренесува РИА Новости.

Макфакс

14.06.2021 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега