Вооружени и маскирани лица одзеле пари од обложувалница во Теарце

Две лица со маски и оружје украле пари од спортска обложувалница ноќеска во тетовско Теарце.  Полицијата нема информација колку точно пари се одземени, но го потврдува оруженото разбоништво.

-Вчера вечер околу 22 часот и 30 минути во СВР Tетово е пријавено дека две лица со закана со оружје од спортска обложувалница во тетовско Теарце одзеле пари, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По пријавата на случјот е извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.11.2020 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега