Вооружен тинејџер усмртил три ученици во американско училиште

Во училиште во американската сојузна држава Мичиген, вооружен тинејџер застрелал тројца ученици. Во нападот се повредени најмалку шест лица, меѓу кои и еден наставник, пренесуваат американските медиуми.

Нападот се случил во средното училиште Оксфорд во истоимениот град во Мичиген, кој се наоѓа северно од Детроит.

Мотивот за нападот сè уште не е познат, изјави на прес-конференција заменик-шерифот на округот Оукланд, Мајк Мекејб.

Напаѓачот е уапсен во училиштето, а неговиот идентитет се уште не е соопштен. Се знае само дека има 15 години и е ученик во второ одделение по американскиот образовен систем.

Полицијата го пронашла и пиштолот од кој пукал. Имињата на жртвите се уште не се објавени.

Полицијата добила дојава за пукање во училиштето околу 12:55 часот по локално време. На местото на настанот веднаш се испратени специјалци и брза помош.

Сè уште вршиме увид во училиштето и бараме евентуални жртви. Учениците се евакуирани, соопшти канцеларијата на шерифот.

 

30.11.2021 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега