Вооружен грабеж вечерва во Ново Лисиче

Голема драма, која за среќа не се претворила во трагедија, се случила вечерва во скопската населба Ново Лисиче, јавува КУРИР.

Како што пишува порталот, Аптека на улицата „Февруарски поход“ е ограбена под закана со оружје. Пред да затворат со смената, вработените биле нападнати, а потоа и ограбени.

Очевидец за КУРИР раскажува дека сцената била страшна. Вооружениот грабеж се случил веднаш до маалско кафуле и кладилница, објекти кои биле полни со луѓе во тој момент.

 

Според порталот, грабежот се случил околу 22 часот, а полицијата и во моментов е на терен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2020 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега