Воочила црни точки во домот, па на интернет прашањала за што станува збор - може да се појави во сечиј дом

Жената која забележала дека околу нејзиниот дом се појавуваат мали црни точки, побарала помош на интернет за да утврди за што всушност станува збор.

На фотографиите кои што ги објавила во една група за чистење на социјалната мрежа Фејсбук, се гледаат мали црни точки на рамката од вратата.

„Знае ли некој што претставуваат овие точки?“ - напишала таа покрај фотографијата.

„Почнаа да се појавуваат на плочките во кујната како нечисти дамки, а потоа стануваа многу повоочливи и поголеми“ - додала таа.

Кога останатите членови од Фејсбук групата ја известиле за што станува збор, таа останала изненадена.

Имено, многу било веројатно дека станува збор за измет од пајак.

„Внимателно погледнете ги ѕидовите од вашите домови, па доколку забележите вакви слични дамки тогаш веројатно гледате во измет од пајак“ - се наведува на веб страницата „Animal Hype“ која што ја води авторката и блогерка Елис.

Со оглед на исхраната на пајакот, неговиот измет може да има нијанси на црна, кафеава, бела или пак сива боја, пренесува „The Sun“.

За да се исчисти изметот, се препорачува да се измеша мала количина избелувач со вода.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 08:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа