Вонредна состојба во 6 општини во регионот: Итните екипи на терен, врнежите од снег не запираат

Поради снегот кој без престан вее овие два дена, вонредна ситуација стапи на сила во Нови Варош, Лучани, Рашка и Ивањица, а исто така и во Краљево и Ариље.

Од „Патишта Србија“ соопштиле дека сообраќајот на државните патишта во земјата се одвива отежнато и дека 1.800 лица од нивната екипа се излезени на терен со сите расположиви машини и камиони за посипување и чистење на снег.

Во соопштението на оппштинскиот Штаб за вонредни ситуации се наведува дека причините за прогласување на вонредна ситуација се непроодните патишта, што предизвикало отсеченост на домаќинствата, невозможност да да се одржуваат ниту настави во училиштата и отежнато е снабдувањето со електрична енергија.

Врнежите од снег не запираат, а АМСС предупредува граѓаните да не излегуваат до дома ако не мораат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега