Вонредна состојба поради невремето во регионот - метеоролозите соопштија што ја очекува Македонија

Вонредна ситуација е прогласена во земјите во регионот, каде невремето направи хаос низ градовите. Искршени стебла, повредени лица, откорнати крово, поплавени улици и домови се сликите кои може да се забележат во земјите од соседството.

Многу дожд изминатото деноноќие во Македонија, а ќе продолжи и денеска. Се најавуваат врнежи се до петок, од кога не чека разведрување.

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега