Вонредна прогноза: Не ставајте автомобили под дрвја, ветер со брзина од 70км/час

Поради големата разлика во воздушниот притисок на релативно мал простор, од денес попладне па се до понеделник ќе дува умерен, особено во западните и југозападните предели повремено ЗАСИЛЕН ВЕТЕР од западен и од југозападен правец.

Ветерот повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

Предупредување: Во случај на појава на СИЛЕН ветер, од денес попладне па се до понеделник, граѓаните на Македонија своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја, со цел да не дојде до некоја штета.

Да напоменеме дека денес попладне и навечер, како и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.  За време на викендот ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите и понатаму ќе бидат над просекот и нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, иако се очекува мал пад на истите.

Услови за локална нестабилност ќе има и во Скопскиот регион.

17.09.2021 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега