Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во сабота, 8 август 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Република Србија, пренесоа медиумите во Србија.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, лично ќе го пречека украинскиот претседател, соопшти Службата за соработка со медиумите на Република Србија.

Двајцата лидерa претходно остварија средба во Киев, кога српскиот претседател ја посети украинската престолнина кон средината на јули, за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина, каде што присуствуваше на самитот Југоисточна Европа – Украина.

Како што тогаш изјави претседателот Вучиќ, „за време на разговорот тие изразија благодарност еден на друг за нивната поддршка за територијалниот интегритет, но и дека разговарале за други важни теми“, како и дека го поканил Зеленски да го посети Белград.

Exit mobile version