Војниците на Ким сурово убиле јужнокорејски службеник- Го застрелале, полеале со бензин и го запалиле

Севернокорејската армија уби и запали јужнокорејски службеник кој исчезнал во граничните води во понеделникот, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана, осудувајќи го тој „брутален“ чин.

Министерството тврди дека севернокорејските војници убиле човек кој исчезнал од патролен брод недалеку од границата, а потоа пронајден е во севернокорејските води го убиле со огнено оружје, го полеале со бензин и го запалиле.

Ова, како што се наведува, е заклучено врз основа на „разни разузнавачки податоци“.

Пјонгјанг не ги коментираше наводите.

Сеул наведува дека службеникот работел во одделот за риболов и дека бил на патролен брод на 10 километри од границата со Северна, кога исчезнал во понеделникот.

Во соопштението на Министерството се вели дека 47-годишниот службеник ги оставил чевлите во чамецот и се чини дека бил облечен во спасувачка јакна.

Се тврди дека севернокорејските војници подоцна го пронашле и го испрашувале и дека висок функционер наредил да биде погубен.

Претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана изјави дека војниците со маски за гас потоа го запалиле телото, додавајќи дека се верува дека тоа е мерка против вирусот корона.

Министерството истакна дека „силно го осудува овој брутален чин“ и го повика Пјонгјанг да даде објаснување и да ги казни одговорните.

Северна Кореја ги засили граничните контроли за да спречи влегување на вирусот корона во земјата, и се верува дека ова вклучува и дозвола за убиство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа