Борбен авион Су-30 се урна за време на тренинг лет во Карелија, дел од Русија што се граничи со Финска, при што загина екипажот, соопшти денес руското Министерство за одбрана.
„Денес, околу 19:00 часот по московско време, авион Су-30 се урна за време на планиран тренинг лет во Република Карелија. Авионот се урна во ненаселена област. Летот беше извршен без муниција“, се вели во соопштението, објави РИА Новости.
Службите за итни случаи, наводно, се испратени на местото на несреќата.
„Добив информации за падот на воен авион во областа Прионежски. Испратив служби за итни случаи на местото на несреќата“, објави регионалниот гувернер Артур Парфенчиков на Телеграм.
Според него, двајца членови на екипажот загинале.
Авионот се урна во пошумена област надвор од населените области, се вели во соопштението.

