Дел од жителите на населбата Батинци денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводна цевка на улицата 9.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека станува збор за дефект на цевка со профил од 100 милиметри, поради кој водоснабдувањето е прекинато од 9:30 часот.

Екипите ќе работат на отстранување на дефектот, а прекинот ќе трае до завршување на работните активности.

Exit mobile version