Водовод и канализација: Водата во град Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за микробиолошка анализа земени од 49 мерни места во градот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека во периодот од 9 до 13 мај земени се 193 примероци за физичко-хемиска и 193 примероци за микробиолошка анализа на вода за
пиење.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

17.05.2022 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега