„Водовод“: Граѓаните да се воздржат од полнење базени и наводнување на ниви и бавчи

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје апелира до жителите на Скопје разумно и рационално да ја користат водата.

-Последиците од климатските промени стануваат дел од нашето секојдневие. Високите температури кои достигнуваат и до 40 степени придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче. Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со единствена цел нормално водоснабдување во секој дел од Град Скопје, се вели во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги повикуваат сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци, да ги пријават на еден од следните контакти: 02 3073 010, Дежурно информативен центар, 02 3240 300, Дирекција – kontakt@vodovod-skopje.com.mkwww.vodovod-skopje.com.mk – www.facebook.com/jpvodovod.skopje .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа