Водителката Александра откри зошто повеќе не е дел од „Брза кујна“: На пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот

Најпопуларното кулинарско шоу во земјава, „Брза кујна“, кое се емитува на Сител телевизија започна со снимање на новата сезона.

Добро познатите Шеф Марк и Шеф Никола на социјални мрежи споделија фотографии од почетокот на снимањето, а со тоа открија и дека шоуто има нова водителка.

Станува збор за Сања Савеска која е познат телевизиски лик од утринската програма на телевизија 24.

Причината поради која претходната водителка Александра Илиевска не ја води повеќе емисијата ја откри во интервју во Вистина.мк

- Паузата која секогаш ја имаме од сезона до сезона на „Брза Кујна“ ми е исполнета со работен ангажман. Речиси година и половина сум одговорно лице и задолжена за маркетинг и ПР во салон за убавина во центарот на Скопје, ,,Шарм“. Интересна нова област за работа во делот на убавина која ми донесе нови предизвици и работни обврски на кои во целост се имам посветено со цел да дадеме нов пристап и услуга која ја заслужува секој маж или жена, секој кој сака да одвои време за себе и да си даде нега за пристапна цена.

Секако на страна од работните обврски тука е сопругот, семејството и пријателите кои секогаш заслужуваат внимание и љубов кое треба да го посветиме обострано.

И на крај време за добра книга и филм - кажа таа и додаде дека оваа сезона не е дел од емисијата бидејќи ѝ се случило она што долго го посакувала, а тоа е бременоста:

-Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите. Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството.

Здравје, 7-ма сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македоснката јавност - кажа Александра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега