Водеше цела ноќ па публиката направи пресврт: Тамара се огласи по Евровизија

Холанскиот претставник Данкан Лоренс со песната „Arcade“, победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, што се одржа во Тел Авив, Израел. Нашата претставничка Тамара Тодевска со песната Proud („Горда“), се пласираше на осмото место, и го освои највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија.

Второпласирана е Италија, а третото место го освои претставникот на Русија. Четвртото место го освои Швајцарија, а петтото Норвешка.

Ние добивме 12 поени од Австрија, Велика Британија, Албанија, Молдавија, Србија и Швајцарија, а Тамара во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата.

 Тодевска гласањето на жирито го заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, а на крајот по гласањето на публиката се пласираше на осмото место.

Ова е најдобар пласман на земјава откако учествува на Евровизија од 1998 година. Претходно, најдобар пласман земјава освои во 2006 кога се пласираше на 12-то место со претставничката Елена Ристеска со „Нинанајна“.

Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и Васил Гарванлиев.

Во финалето настапија 26 земји, а можеа да гласаат сите учесници односно 41 земја.

Тамара се огласи по гласањето и пресвртот кој настана со гласовите од публиката: - „Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, кратко напиша Тамара на својот Твитер налог.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2019 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега