Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата всушност допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог, Христијан Дростен, во говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвремено славење на успехот на Германија во кризата со коронавирусот.

-За да ја надминеме ситуацијата во следните неколку месеци треба да промениме некои работи. Пандемијата всушност дури сега ќе почне. И во Германија, рече Достен, додавајќи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.

„Не мислам дека Германија е подготвена за следните неколку месеци со коронавирусот“, рече Достен за „Шпигел“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега