Водата од Билјанини извори небезбедна за пиење

Водата од Билјанините извори на Охридското Езеро небезбедна за пиење, предупреди денеска Центарот за јавно здравје од Охрид.

Последните физичко-хемиски анализи на водата од изворите спроведени во текот на денешниот ден покажале присуство на патогени бактерии, па оттаму  водата е биолошки неисправна и не е здравствено безбедна за пиење.

Наодите се доставени до соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, а од Центарот за јавно здравје посочуваат дека во континуитет се следи состојбата околу квалитетот на водата од Билјанини извори за што благовремено ќе биде известувана јавноста. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега