Во знак на протест Срби од северно Косово го бокираа патот Приштина-Рашка

Магистралниот пат Приштина-Рашка од синоќа е блокиран кај селото Рударе во северно Косово, откако група косовски Срби го попречија коловозот со товарни камиони.

Се работи за протест поради апсењето на две лица од српска националност од страна на ЕУЛЕКС и косовската полиција.

Едниот од нив, 28-годишниот Слободан Репиќ е уапсен под сомнеж дека на 7 декември минатата година во Косовска Митровица пукал во заменик-директорот на административната канцеларија на косовската Влада, Душан Милисављевиќ, додека вториот уапсен,  Жарко Веселиновиќ, брат на контроверзниот бизнисмен Звонко Веселиновиќ, е обвинет за незаконско поседување оружје.

ФОТО: Телма

 

најчитано сега