ВО ЖИВО: Заев, Фрчковски и Поповски зборуваат за уставните измени

Во Владата попладнево започна првата од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани. По пет дена Владата ќе треба да достави Извештај до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.

Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија.

На денешната првата јавна дискусија говорници се премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски денеска изјави дека дебатите за уставните амандмани се отворени и јавни и секој може да учествува и да го каже својот став.

Одговарајќи на новинарско прашање по редовната прес-конференција во Владата, Бошњаковски рече дека се поканети широк спектар на говорници и дека меѓу нив има и луѓе кои размислувале поинаку од владините ставови.

– Отворена покана за учество упатувам до сите кои сметаат дека треба да бидат дел и да го кажат своето мислење. Поканети се сите граѓани на Република Македонија кои имаат интерес, рече Бошњаковски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2018 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега