ВО ЖИВО: Почна протестот против францускиот предлог

Почна вториот протест против францускиот предлог пред зградата на Владата. Голем број граѓани повторно се собраа за да кажат „Не“ на францускиот предлог.

Претходно претседателот на државата по седницата на Советот за безбедност изјави дека го поддржува предлогот во оваа форма и оти со него Македонија нема да добие ниту историски триум, ниту историски пораз.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски му понуди да се откаже од предлогот, а за таа сметка тој ќе се откаже од предвремени парламентарни избори.

Ковачевски, пак, уверува дека предлогот ги опфаќа македонските црвени линии дефинирани во Резолуцијата донесена во Собранието.

 

03.07.2022 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега