Во земјотресот во Петриња загинало девојче - имало само 12 години

Силен земјотрес од 6,2 степени според Рихтерова скала ја погоди Хрватска попладнево.

Првите сцени од епицентарот Петриња се страшни. Половина град е срушен. Се слушаат крици, има повредени и загинати.

Во Петриња загина едно дете, потврди градоначалникот Даринки Думовиќ. Станува збор за 12-годишно девојче.

„Како да е Хирошима, половина град ми го нема. Се наоѓам во моментов пред мртво девојче кое загина, чекаме помош“, рекол Думбовиќ за ХРТ.

„Мојот град е целосно разрушен. Мртви деца имаме. Ни требаат пожарникари, не знаеме што е под рушевините, на еден автомобил паднал кров, ни треба помош“, изјавил градоначалникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2020 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа