Во заедничка акција со македонската полиција во Германија е запленета голема количина марихуана

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР.

„Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември , по интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од преку 100.000 евра“, велат од МВР.

Во акцијата од страна на надлежните германски служби за борба против дрога засега е приведено едно лице, а истрагата продолжува.

16.09.2021 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега