Во врска се девет години, а сега го добија малиот Игор - вака изгледал нивниот пат до родителство

Партнерката на српската премиерка Ана Брнабиќ, Милица Ѓурѓиќ вчера во Белград родила момче, кое го доби името Игор. Како што известуваат од кабинетот на премиерката, породувањето поминало во најдобар ред.

Ана Брнабиќ, 43-годишната премиерка и нејзината неколку години помлада партнерка се во врска 9 години, а веста дека ќе имаат бебе се појави во јавност пред неколку недели.

Ѓурѓиќ се одлучила за вонтелесно оплодување, а потоа бременоста неколку месеци не се појавувала со Ана во јавност.

Во Клиниката за радиологија и магнетна резонанца, каде Милица е вработена, речено е дека таа во период на рана бременост заминала на трудничко боледување.

-Милица не ја криеше среќата за бременоста, па убавите вести ги сподели и со колегите на работа штом дозна. После бројните честитки, изразила желба веднаш да оди на трудничко боледување, што ѝ беше дозволено - открил извор за српски „Блиц“.

Милица е докторка која завршила медицина во Белград во даден рок, и тоа со сите 10-ки, а со Ана е во врска 9 години.

Иако нивната врска на почетокот била тајна за роднините и пријателите, на почетокот на мандатот на Ана Брнабиќ ретко се појавувале заедно на јавни места, што подоцна се променило. За нивната врска, но и за Милица известуваат голем број медиуми во земјата и регионот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега