Во Велес регистрирано еден новозаболен, а двајца се излекувани

 

Во изминатите 24 часа во Велес има регистрирано еден новозаболен, а двајца се излекувани – едниот бил на Инфективното одделение во велешката Општа болница и еден на домашно лекување. Во Велес и велешко  досега од Ковид-19 моментално активни се 40, на прес информира градоначалникот Аце Коцевски по одржаната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

Нозозаболениот е член на семејство во кое веќе има инфицирано, кој веќе пет-шест дена се наоѓал во домашна изолација, а сега е потврдено дека е инфициран.

-Утрово во Инфективното одделение при велешката болница биле згрижени 16 пациенти, од кои 14 се позитивни. Од нив седум се жители на Општина Велес, има седум од селото Горно Јаболчиште, еден е од Градско и еден од Кавадарци, информира Коцевски.

Здружението на матични доктори го известиле дека постои поголема раздвиженост кај пациентите и нивниот впечаток е дека граѓаните како да ја запоставуваат опасноста и вршеле притисок за прегледи кај специјалисти.

-Препораката на матичните лекари е дека треба сеуште да бидеме многу внимателни, потенцира Коцевски.

Тој состојбата со Ковид-19 во Велес и велешко ја оцени како стабилна, но им порача на граѓаните да бидат претпазливи за да не ескалира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега