Во угостителски објекти во Струмица затекнати 36 малолетници по полноќ

Во два угостителски објекта во Струмица синоќа се затекнати 36 малолетници по полноќ, а во еден од нив на малолетниците им било точено алкохол. Од страна на Државниот трудов инспекторат било утврдено дека едниот угостителски објект ја нема и потребната документација за вработените.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека акциската контрола е спроведена од 21 до пет часот утринава во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи.

За сите прекршувања на законите ќе бидат поднесени соодветни прекршоци.

19.06.2022 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега