Во товарно возило откриени 20 мигранти од Бангладеш, возачот приведен

На автопатот Куманово - Табановце, кај место викано „Костурник”, полициски службеници вчера го лишиле од слобода Љ.М.(44) од Скопје, откако при преглед во товарно возило „фолксваген транспортер”, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 мигранти од Бангладеш, од кои 9 биле малолетни лица. 

По наредба на Јавен обвинител мигрантите биле предадени на социјален работник од Министерството за труд и социјална политика, а Љ.М. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

12.06.2021 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега