Во точно 11:59:59 часот престанаа да важат кодовите- сѐ уште нема објаснување како Трамп ќе го предаде нуклеарниот куферот на Бјаден

 

Официјално, нема објаснување за тоа како Трамп ќе го предаде нуклеарниот куфер на Бајден, кој му служи на американскиот претседател за да може да лансира нуклеарни ракети во секое време, а го носи воен соработник, кој мора да биде со претседателот нон-стоп.

Обично, куферот се предаваше на друг помошник кој стоеше покрај новоизбраниот претседател на инаугурацијата, во овој случај Бајден, додека даваше заклетва, објаснува Си-Ен-Ен. Но, денес, размената ќе се случи малку поинаку од вообичаеното, бидејќи Трамп ќе замине на Флорида во 14:00 часот (8:00 часот по источно време) и ќе биде претседател до 18:00 часот. Се верува дека нуклеарниот куфер ќе биде со него цело време, велат експертите, што значи дека ќе има најмалку два куфери на различни локации. Повремениот автор на „Атомски научници“, Стивен Шварц, објасни како стојат работите.

- Има најмалку три, можеби четири идентични куфери. Едниот оди со сегашниот претседател, другиот е со потпретседателот, а третиот традиционално е покрај личност која е решена да преживее важни настани, како што е инаугурацијата.„Денес, еден куфер ќе биде надвор од градот, што значи дека само куферот на потпретседателот Пенс ќе биде во Вашингтон, освен ако воената канцеларија на Белата куќа не подготви еден за Бајден“, изјави тој за Си-Ен-Ен. Кодовите за активирање на куферот на Трамп ќе важат до 11.59 часот по локално време, по што ќе бидат исклучени. - Според 20-тиот амандман, Доналд Трамп е претседател до 11:59:59 часот и до тој момент има законско овластување да го користи нуклеарниот арсенал. Ако асистентот го придружува на Флорида, асистентот ќе мора да го напушти Трамп напладне и да се врати во Вашингтон, со куферот - објасни Шварц.

Доколку Трамп би сакал да изврши нуклеарен напад во 12.01 часот, наредбата нема да биде валидна и воените команданти немаат обврска да ја извршуваат наредбата, а потоа кодовите ќе бидат неважечки. Во меѓувреме, Бајден ќе го добие својот „бисквит“ (пластична картичка со шифри за нуклеарен напад) веројатно рано наутро, пред инаугурацијата, како и потпретседателот Камала Харис, кој ќе биде информиран за постапката за започнување нуклеарен напад, но нивните кодови нема да бидат активни до пладне.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега