Во судницата прикажана фотографија од крвавиот Деп на носилка – актерот првпат јавно кажа што му направила Амбер

Амбер Хард и Џони Деп пристигнаа во судот, втор ден по ред. Кога влегол во судницата Деп веднаш го зел гелот за дезинфекција со кој што ги истрил рацете.

Судењето треба да трае 3 седмици. Џони Деп истакнал дека знаел дека неговиот брак со Амбер е готов тогаш кога нашол фекалии во креветот.

Исто така изјавил дека за малку ќе останел без прст кога Амбер го гаѓала со две шишиња вотка.

На прашањето дали консумирал кокаин во месец март 2015-та година, актерот изјавил дека не се сеќава на тоа.

Саша Вас, адвокатката на таблоидот „The Sun“, му замерила на Деп што ги ''предвидува прашањата'', велејќи му дека ќе ''му постави прашање''.

Саша изјавила дека Деп ја удрил Амбер повеќе од еднаш, кога му се смеела. Изјавила дека ја удрил три пати, додека Деп одговорил дека тоа не е вистина.

Исто така навела дека Деп тогаш се онесвестил, се извинувал, плачел и зборувал дека тоа повеќе никогаш нема да се повтори.

Кога бил прашан дали пуши, Деп изјавил:

„Да, имам ужасна зависност од никотин“, но додал дека никогаш не бил зависен од кокаин.

Во судницата била прикажана фотографија од Деп од болницата на која што е крвав, по наводниот напад на Амбер врз него со двете шишиња.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега