Во Србија се појави и трето видео како две насилнички тепаат невино девојче(ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Србија се појави ново видео кое покажува како претепаното девојче доживува насилство и надвор од училиштето.

Веќе два дена трае бурата околу снимката која се појави на Интернет на кое е забележано малтретирање на девојче во Барајево, Србија. Нејзе ја шамараат две девојки (14), ученички во школото во тоа место.

Во меѓувреме се појави и трето видео, а она што го прави уште пострашно е што на него се слуша како едно женско лице вели да продолжат со удирање шамари за да го сними видеото.

-Ај ве молам за едно видео, се слуша на снимката во еден момент, по што продолжува шамарањето.

На првичното видео две девојки (14) од Средното школо во Барајево се снимени додека ја напаѓаат третата. За сето време другите деца се смејат, па дури и самите насилнички покажуваат насмевки.

На снимката се гледа како ова девојче го малтретира друга врсничка, не онаа од првото видео.

 

 
 
 
View this post on Instagram

.

A post shared by Aleksandra Mitrović (@podrskaaa.aleksandra) on Sep 15, 2019 at 7:45am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега