Во Србија регистрирани 111 новозаразени и тројца починати- се очекува обраќање на претседателот

Во изминатите 24 часа во Србија од тестирани 637 лица потврдени се уште 111 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се искачи на 1171 лице, соопштено е на сајтот Ковид19.рс на министерството за здравство.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, членот на владиниот кризен штаб, лекарката Дарија Кисиќ за РТС изјави дека денес се регистрирани уште три нови починати, со што вкупниот број на починати се искачи на 31 лице.

До денес во националната референтна лаболотирија на Инстиутот Торлак, тестирани се вкупно 5008 лица кои ги исполнувале критериумите на дефиниција на случајот.

Денешната редовна владина прес конференција во 15 часот е одложена, а за во 18 часот по седницата на кризните штабови најавено е обраќање на јавноста на претседателот Александар Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 18:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега