Во Србија пристигна нова тура на „Фајзер“ вакцините- уште 18.525 дози
Новата рунда вакцина Фајзер, 18.525 дози, пристигна во Србија, пренесуваат медиумите.
Дополнителни дози на вакцината „Pfizer и Biontek“ треба да пристигнат на 19 и 25 јануари.
За потсетување, од денес, граѓаните на Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против Ковид-19 со пополнување на едноставен прашалник на порталот www.euprava.gov.rs.
Ова е првиот чекор во организацијата на масовна вакцинација и добивање датум и место на имунизација во согласност со приоритетите пропишани од Институтот за јавно здравје на Србија, информираат од таму.
11.01.2021 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа