Во Србија паѓаат воени дронови како дожд: Еден на гробишта, друг во двор на семејна куќа

Воено беспилотно летало слета на гробиштата во селото Обрва на југот на Србија. Истиот ден воен дрон слета во двор од куќа во село Тавник. Двете села се наоѓаат веднаш до воениот аеродром „Лаѓевци“, пишува „Нова.рс“.

Дрон, вчера, околу 14 часот, слета на гробиштата во село Обрва. Звукот на моторот ги вознемири мештаните. Велат дека кога го виделе падобранот отворен, сфатиле дека нешто не е во ред со леталото.

„Првин мислев дека нешто се вежба. Слушнав како моторот на леталото трокира. Кога се изгасна, а набргу откако го видов падобранот отворен, сфатив дека нешто не е во ред“, изјави Милан Среќковиќ од Обрва.

Како што изјави за „Нова.рс“, на гробиштата видел летало со падобран околу споменикот.

„Со десното крило се потпре на споменик. Не беше оштетен при слетувањето. Често ги гледаме, но никогаш не слетале во близина на населено место“, вели Среќковиќ.

29.09.2022 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега