Во Србија над 800.000 луѓе примиле две дози вакцина против коронавирус

Во Србија досега се извршени 2.169.862 вакцинации, а 861.826 лица примиле две дози од вакцината против коронавирусот, покажуваат најновите податоци на Владата на Србија, објави РТС.

Србија е прва во Европа по бројот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцина на милион жители (126.654). Зад Србија се Малта, Данска, Словенија, Швајцарија, Унгарија и Норвешка.

Врз основа на бројот на граѓани кои ги примиле двете дози на вакцина на милион жители, Србија е седма во светот. Пред неа се Израел, Сејшелите, Обединетите Арапски Емирати, Чиле, Бахреин и САД.

Според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, Србија е втора во Европа, зад Велика Британија и деветта во светот.

Србија е прва во регионот според бројот на вакцинирани на милион жители, како и според бројот на оние кои ги примиле двете дози на вакцината.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.03.2021 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега