Во Србија 372 новозаразени и седуммина починати

Според последните податоци на здравствените власти, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 372 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи.

Добиените резултати за последното деноноќие произлегуваат од 9.653 направени теста.

Во моментот во болниците се хоспитализирани 4.501 лице со Ковид-19, а на респиратор се 143 пациенти.

Од почетокот на епидемијата во Србија од компликации предизвикани од коронавирусот починале вкупно 558 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.07.2020 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега