Во Сплит се евакуира дом за стари лица поради сомнеж дека има заразени со Ковид-19

Во тек е евакуација на евакуација на лица од Дом за стари и изнемоштени во Сплит, јавуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, постои сомнеж дека некој од луѓето таму е позитивно на вирусот Ковид-19.

Поради мерки на претпазливост во тек е евакуација на сите лица.

Епидемиолозите се на терен и интензивно ги проверуваат контактите на сите лица кај кои се сомневаат на зараза од коронавирусот.

Поради епидемијата Домовите за стари во Хрватска практично се „под клуч“ уште од март и не се дозволени посети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 22:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега